Бензема веќе потпиша за Ал Итихад

595

Како што пренесуваат валидните медиуми, а особено трансфер експертите како Фабрицио Романо, Карим Бензема веќе денеска станува член на тимот на Ал Итихад, откако ги потпишал главниот дел од документите потребни за трансфер.

Како што и претходно е објавено, договорот на Бензема ќе биде валиден до 2025 година со можнност истиот да се продолжи секако. Годишните примања на французинот се проценети на 200 милиони евра.

Конечно, Карим Бензема и официјално ќе се збогува со навивачите и воопшто клубот Реал Мадрид на официјална прес конференција која што ќе се одржи утре.

 

ПретходноМихаил Маневски на пат за Гостивар, си заминува Благојче Спиркоски
СледноПо пет години Мина замина од Евертон и се сели во Турција