Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд најде замена за Рафаел Гереиро кој одлучи да си замине од „Сигнал Идуна Парк“. На Португалецот му истече договорот, а на негово место доаѓа Рами Бенсебаини.
Се работи за алжирски репрезентативец кој доаѓа од Борусија Менхенгладбах и тоа без пари. Алжирецот потпиша договор до јуни 2027 година.
Бенсебаини во претходната сезона, покрај тоа што е офанзивен бек, постигна шест гола во Бундес лигата.