Шкендија го промовираше Адријан Нухиу!

1192

Фудбалскиот клуб Шкендија го промовираше новиот тренер. Станува збор Ардијан Нухиу, кој ќе биде на клупата на овој тим во следните две години.

„Се чувствувам многу добро што сум овде. Ако како фудбалер успеав да ја освојам титулата во првата година, тогаш проектот што деновиве го откривме и кој разговаравме со челниците беше навистина убедлив. Лично јас сум подготвен за овој нов предизвик. Ќе се изгради многу силен тим за да биде подготвен за предизвиците во Европа, па да влезе во првенството“, изјави Ардијан Нухиу, по потписот со црвено-црните.

Стручниот штаб на Шкендија е комплетиран со Мухарем Бајрами, кој ќе му биде прв асистент на Нухиу, додека Анди Кули ќе биде одговорен за видео анализата на натпреварите. Во тимот остануваат Иван Јовановски и Селадин Мустафи.

ПретходноИбрахимовиќ: И Господ плаче поради мојата одлука!
СледноИвановски четвртти носител на фјучерсот во Скопје, Јотовски против Србљак во првото коло!