Штутгарт останува во Бундес лигата, Хамбургер шеста сезона по ред во Цвајте

316

Хамбургер во последните секунди остана без место во Бундес лигата во регуларниот дел од сезоната, а не успеа да обезбеди место ни преку баражот.

Хамбургер е поразен на двата меча против Штутгарт и ќе си остане во второлигашкото друштво. Штутгарт победи со 3:0 на првиот меч на домашен терен, а вечерва славеше во гости со 3:1 и со тоа ќе остане во елитното германско друштво.

Хамбургер поведе со голот на Кител во 6 минута и водеше на полувреме, меѓутоа на стартот на вториот дел Енцо Миљот изедначи. Истиот играч погоди во 64 минута по големата грешка на голманот и му ги згасна на Хамбургер и онака малите шанси за промоција. Во судиското продолжение, Силас ја погоди мрежата за конечни 3:1.

Хамбургер ни минатата сезона не успеа преку плеј-офот (тогаш два пати изгуби од Херта), а шеста сезона по ред ќе игра во Цвајте.

ПретходноТензично во Милан: Малдини и Масара добиле откази
СледноОчекуван епилог: Лестер се разделува со седум фудбалери