Интер го распродаде „Џузепе Меаца“ за финалето од Лигата на шампионите

2634

„Џузепе Меаца“ в сабота ќе биде полн со навивачи на Интер кои заеднички ќе го гледаат финалето од Лигата на шампионит епротив Манчестер Сити. Како што објавија од клубот над 43.000 билети за следење на финалниот меч се продадени за само еден ден.

Интер организира вечерен настан кој ќе им овозможи на сите присутни фанови да го проследат финалето од единствена перспектива на џиновски екран од повеќе од 400 квадратни метри за да не пропуштат ниту еден момент или заедничка радост од големото финале.

Претходно„Чистка“ на „Олд Трафорд“: Кој се најде на „црниот список“ на Тен Хаг?
СледноВаско Атанасов останува тренер на МЗТ Скопје, договорено и првото засилување!