Калин преку Колсон до второто коло во Скопје

101

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во второто коло на фјучерсот во Скопје откако во стартното коло по голема борба го совлада Тибо Колсон од Белгија со 2-1 во сетови (46 62 64). Утре во второто коло ќе игра против Ален Бил од Хрватска кој со 2-0 во сетови го победи Ханс Алберт Шуберт од Чиле.

Во првиот сет Ивановски по 3:3 во гемови успеа да направи брејк, но потоа Колсон со серија од три гема го реши сетот во своја корист со 6:4. Сепак нашиот играч брзо се созема и во следниот сет буквално доминираше по 2:1 во гемови брзо стигна и до 5:1, а белгискиот тенисер успеа само да освои уште еден гем во стеот за 6:2 и изедначување на 1:1.

Во решавачкиот сет Ивановски на почетокот направи брејк и поведе со 2:0, а предноста ја имаше и во продолжението на сетот до 4:2, кога Колсон со брејкот успеа да изедначи на 4:4. Сепак Ивановски брзо се врати и направи ри-брејк, а потоа во 10.тиот гем ја искористи втортата меч топка за конечна победа.

ПретходноИ Дортмунд потврди: Белингам официјално е нов “крал“!
СледноХарден на крстопат: Дали да остане во Филаделфија или да се врати во Хјустон?