КЛ ФИНАЛЕ: Фиорентина и Вест Хем по прв европски пехар по половина век

117

Второто финале во историјата на Конференциската Лига на УЕФА ќе се одигра вечерва во Прага (21 ч.). Фиорентина сака да го задржи трофејот во Италија, додека Вест Хем ќе тргне во потера на својот прв европски трофеј по 1965 година.

Рома на Жозе Мурињо која беше совладана во минатонеделното финале од Лигата на Европа од Севиља, беше првиот премиерен освојувач на трофејот во ова прилично ново УЕФА  натпреварување, кое почна минатата сезона. Винченцо Италијаном тренерот на „виолетовите“ се надева дека ќе тргне во стапките на „Специјалниот“ и поворно ќе го донесе пехарот наменет за најдобриот во Италија.

Вест Хем влегува во нивното прво европско финале по поразот од Андерлехт во Купот на победниците на куповите во 1976. „Чеканите“ единствениот европски трофеј досега го освоија во некогашниот КПК кога во сезоната 1964/65 го победија Минхен 1860 година, па по подолга пауза се враќаат во трка за нешто вредно.

Пресметката на „Фортуна Арената“ ќе биде првото големо европско финале чиј домаќин е Чешка, иако истиот стадион беше домаќин и на Суперкупот на УЕФА во 2013 година меѓу Челзи и Баерн Минхен.

Фиорентина исто така има само еден европски трофеј во својата колекција; исто така од сега веќе непостоечкиот Куп на победниците на куповите и исто така освоен во 60-тите години. Тие го совладаа Ренџерс со вкупни 4-1 во финалето 1961 година. Ова ќе биде нивно петто финале во европско натпреварување и прво по она од Купот на УЕФА во 1990 година кога загубија од Јувентус.

МОЖНИ СОСТАВИ:

ФИОРЕНТИНА: Терасиано; Додо, Мартинез Кварта, Миленковиќ, Бираги; Амрабат, Мандрагора; Гонзалес, Бонавентура, Иконе; Кабрал

ВЕСТ ХЕМ: Ареола; Керер, Агуерд, Зума, Кресвел; Соучек, Рајс; Бовен, Пакета, Бенрама; Антонио

ПретходноМојсов се враќа во Кавадарци
СледноБикоски останува верен на Прилеп!