Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во САД. Се очекува во наредните часови да објави дека ќе стане нов член на Интер Мајами, клубот кој го преферираше неговата сопруга Антонелa.
Лионел Меси ја одбил нереалната понуда од Саудиска Арабија, каде му понудија повеќе од една милијарда евра. И покрај ова тој се одлучи за Интер Мајами, каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам, а Лео исто така ќе има неверојатни бројки во овој клуб.
Основната плата на аргентинскиот волшебник ќе биде 50 милиони долари, но има бројни бонуси кои ќе го направат еден од најплатените во светот, иако не игра во Саудиска Арабија.
Тој ќе има и проценти од заработката од големите спонзори на МЛС Адидас и Епл. Ова дополнително ќе му ја зголеми платата до доста големи граници, а му беше понудена опција да купи МЛС тим по завршувањето на кариерата.
Шпанските медиуми тврдат дека Лео треба да донесе одлука во наредните часови. Саудиска Арабија е надвор од игра, Барселона има уште мали шанси и се надева дека би можела да ги сврти работите во своја полза, но тешко е за верување дека Меси повторно ќе го облече дресот на каталонскиот гигант.