Влатко Костов и официјално е нов тренер на Пелистер

394

Влатко Костов од денеска и официјално е нов тренер на тимот на Пелистер. Битолскиот тим летово планира сериозно да се нафати со градење на прволигашка екипа, иако е дел од ВМФЛ шампионатот, и следната сезона да ја оствари основната цел, да се врати во „елитата“.

Искусниот стратег е доведен токму за таа цел, а во Битола не го кријат задоволството од завршениот дил.

„ФК Пелистер денес постигна договор со Влатко Костов еден од најеминентните тренери во Македонија. Човек кој го носел овој дрес на ФК Пелистер знае што значи ФК Пелистер во Македонија. Со самото негово назначување ги покажуваме своите амбиции а тое е ПМФЛ. изјави претседателот на Пелистер, Митко Стојковски.

„Мене ми е чест што ја добив довербата од клуб каков што е ФК Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е ПМФЛ и од првиот ден ќе работиме на тоа. – рече новиот тренер на Пелистер, Влатко Костов

ПретходноСрбљак прв од нашите мина во второто коло
СледноИ Дортмунд потврди: Белингам официјално е нов “крал“!