Фудбалската репрезентација на Бразил на пријателскиот натпревар против Гвинеја закажан на 17 јуни ќе истрча во црни дресови во знак на протест против расизмот на фудналските терени. Овој потег на Бразилската федерација доаѓа по скандалот со расистички скандирања на крајот на мај кон крилниот напаѓач на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец, Винисиус во шпанската Ла Лига.
На црните дресови на Бразил ќе има само еден истакнат елемент – златен број. Медиумите велат дека Бразил ќе игра со црни дресови само во првото полувреме, а потоа на полувремето фудбалерите ќе се префрлат на вообичаените „жолто-сини“ дресови.