Горан Кузманоски е нов тренер на РК Бутел!

321

Некогашниот успешен македонски репрезентативец, а сега успешен стратег Горан Кузманоски, ќе го води тимот на Бутел Скопје.
Кузманоски, кој во играчката кариера настапуваше во Македонија, Италија, Шпанија, Шведска, Португалија и Романија, потпиша договор на две сезони со нашиот ракометен суперлигаш.
Тренерската кариера започна да ја гради во Романија, а во Македонија ги водеше Прилеп и Скопје.

Бутел е екипа која низ годините презентираше добри резултати во Суперлигата и настапи во европските купови. Покрај заминувањето на неколку искусни играчи и играчи кои имаа продонес во екипата, клубот одлучи да се помлади и со нова енергија да влезе во борба за плеј-оф. Амбициите, добрите школи во младите категории ме натераа да се решам да потпишам договор. Целта е пласман во плеј-оф, иако ќе имаме доста подмладена екипа со просек од 23 години. Ме радува и фактот што има младински репрезентативци, што чекор по чекор ќе бидат носители во првиот тим, вели Кузманоски.

ПретходноХаос во Прага: Општа тепачка меѓу фановите на Фиорентина и Вест Хем! (ВИДЕО)
СледноМакедонија У15 со победа над Албанија во Охрид