Дарко Тасевски и официјално ја заврши кариерата, пригодни подароци пред последниот меч

328

Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец Дарко Тасевски, вчера ги одигра последните минути на фудбалските терени, откако најави дека заминува во фудбалска пензија. Во дресот на бугарскиот прволигаш Славија од Софија, Тасевски вчера го започна мечот со Локомотив Софија и по 12 минути го напушти теренот.

Во пресрет на мечот од неговиот последен клуб, Славија, како и од Бугарската фудбалска федерација го испратија со пригодни подароци. Тасевски заминува во фудбалска пензија на 39 години, откако последните четири сезони ги помина како играч на Славија Софија. Претходно го носеше дресот и на вардар, Цементарница, Металург Запорожје, Левски, Кирјат Шмона, Банкок, Суфанбури и Хон Каен во Тајланд.

ПретходноОсум македонски тенисери денеска ќе играат на ИТФ фјучрсот во Скопје
Следно30 години без неповторливиот – кошаркарскиот Моцарт Дражен Петровиќ