И Дортмунд потврди: Белингам официјално е нов “крал“!

669

И официјално, Џад Белингам е нов фудбалер на Реал Мадрид. Овој трансфер го потврди, со писмо до своите акционери и неговиот досегашен клуб Борусија Дортмунд. Англичанецот и еден од најдобрите фудбалери за врска во светот, на “Сантијаго Бербнабе“ ќе биде во наредните шест години, односно до 2029 година.

Реал Мадрид за овој трансфер на германскиот тим ќе му исплати отштета во висина од 103 милиони евра и плус бонус, па така овој трансфер максимално ќе изнесува околу 134 милиони евра.

Лекарските прегледи се веќе закажани, се чека само потврда и од страна на “кралевите“.

ПретходноВлатко Костов и официјално е нов тренер на Пелистер
СледноКалин преку Колсон до второто коло во Скопје