Заврши првото полувреме од финалето во Лигата на Конференции меѓу Фиорентина и Вест Хем, и тоа со резултат 0:0. Значи немаше голови на “Фортуна Арената“ во Прага. Само неколку закани од двете страни, без некои посебни шанси.
Најинтересно беше во 33.минута кога фановите на Вест Хем почнаа да фрлаат со предмети кон Бираги, капитенот на Фироентина и притоа му ја раскрварија главата, па мораше да му се дава прва помош.
Сепак откако беше преврзан, Бираги продолжи да игра.
Да споменеме дека во самиот финиш на полувремето Лука Јовиќ постигна гол за водство на италијанскиот тим, но поради офсајд истиот беше поништен.
Biraghi was bleeding a lot after some fans threw things at him.#UECLfinal pic.twitter.com/I1xLuo1WaB
— Reyi (@Reinaldodcg9) June 7, 2023