Репрезентацијата на Македонија до 15. години на чело со селекторот Драган Начевски попладнево во Охрид успеа да слави над соодветната селекција на Албанија со конечни 3:2.
Иако на полувреме нашите млади фудбалери губеа со 0:1, во продолжението направија комплетен пресврт.
Па така, најпрво Ѓангаровски погоди на два пати за израмнување, а потоа Мамути успеа да реализира и да ни донесе победа.
Реванш пријателскиот дуел се игра в петок во Елбасан.