Официјално: Украина со Сергеј Ребров доаѓа во Скопје!

220

И официјално, Сергеј Ребров е новиот селектор на Украина, и со него оваа селекција доаѓа во Скопје каде на 16 јуни против нашата селекција ќе го одигра квалификацискиот меч за ЕВРО 2024.

Ова денеска беше потврдено и од страна на раководството на Фудбалската федерација на Украина, каде на официјална прес конференција беше претставен новиот селектор на Украинците, инаку играчка легенда на оваа земја.

Задоволство е што сум тука, секако дека со сите сили ќе работам за својата држава“ рече покрај другото селекторот на репрезентација на Украина.May be an image of 4 people and text

Инаку овие перипетии со неговото назначување беа поради фактот дека тој имаше договор со тимот на Ал – Аин од ОАЕ, и тоа до крајот на овој месец па беше неможно официјално да потпише договор со Фудбалската федерација на Украина, инаку јасно беше дека тој е новиот селектор.

ПретходноВо знак на протест: Бразил на пријателски меч ќе игра со црни дресови
СледноПоранешна македонска репрезентативка – нов генерален директор во Триглав!