Готово е. Лео Меси во наредните две или три сезони ќе игра во елитната лига во САД, МЛС, и тоа во Интер Мајами, во еден од најслабите тимови во таа лига. Сепак со Лео секако дека тимот од Мајами ќе се бори за титулата во МЛС.
Се чека само официјална потврда од двете страни.
Инаку веднаш Дејвид Бекам, кој е еден од сопствениците на Интер Мајами стапил во контакт со Тата Мартино, аргентински стратег и голем пријател на Хорхе Меси, таткото и менаџерот на Лео.
Причината е јасна, семејството Меси посакува токму Тата Мартино да му биде тренер на Лео во периодот додека тој е во Интер Мајами.
Да потсетиме дека Тата Мартино и Лео Меси веќе соработуваа во Барселона пред една деценија.