Познато е и второто полуфинале на годинашниот Ролан Гарос, а тоа Каспер Руд против Александар Зверев. Доцна вечерва во скандинавското четврфинале, Норвежанецот со 3:1 го победи Данецот Холгер Руне, по сетови 6:1, 6:2, 3:6 и 6:3.
Претходно, во текот на денот Александер Зверев исто со 3:1 славеше против Ечевери.
Па така полуфиналните двојки се Алкараз – Ѓоковиќ и Руд – Зверев.