Откако Тами Абрахам ги скина лигаментите и во Рома дефинитивно нема да можат да сметаат на него до пролетниот дел на следната сезона, стана јасно дека автоматски ќе се тргне во потрага по негова замена.
Во редот на оние кои Жозе Мурињо го гледа како достојна замена е Мауро Икарди. Аргентинецот е во последната година од договорот со ПСЖ, а таму и тоа како се случуваат тектонски промени, од откази на тренер, до заминување на Меси и Серхио Рамос.
Што значи дека и Икарди веројатно нема да има проблем да си замине, особено што последниот период беше позајмен во Галатасарај и да се врати во Италија каде што со успех настапуваше за Интер и Сампдорија.