Србљак прв од нашите мина во второто коло

81

Горазд Србљак е првиот наш тенисер кој го мина првото коло на Фјучерс турнирот кој се одржува во Скопје.

Во дуелот на двата наши тенисери Србљак го победи Томислав Јотовски со 2-0 во сетови. Во првиот сет Србљак не загуби ниту еден гем и сетот го доби со 6:0, додека во следниот беше 6:2. Мечот траеше 1 час и 22 минути.

Во второто коло Србљак ќе игра со победникот од мечот Доминик Граф (Германија) – Ерги Киркин (Турција).

 

ПретходноКанте оди во Ал Итихад кај Бензема за 100 милиони долари по сезона
СледноВлатко Костов и официјално е нов тренер на Пелистер