Кошаркарките на Вардар го освоија шампионскиот пехар во кадетска конкуренција. Во финалето „црвено-црните“ го совладаа далеку помладиот тим на Бадел 1862 со убедливи 59-77.
Вардар мечот го доби во втората четвртина, предводен од Ања Начевска, на одморот замина со позитива од 44-26. Во продолжение избраничките на Јасмина Николиќ продолжија ја доминираат, на другата страна баделки заиграа подобро во последниот период, но немаше време, ниту сили за нешто повеќе.
Начевска го заврши финалето со 26. реализирани поени, имаше и девет скока. Токму таа беше прогласен за МВП на финалето. Николиќ и Џангаровска пак постигнаа по 14. поени.
Кај Бадел 1862 Чолакоска реализираше 14.поени, беше единствената со двоцифрен број на поени.
Третото место им припадна на кошаркарките на МЗТ Скопје кои беа подобри од Струга со 30-43.
М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Бaдел 1862 – Струга 2009 67:32
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 92:54
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Струга 2009– МЗТ Скопје Аеродром 30:43
ФИНАЛЕ
Бaдел 1862 – Вардар 59:77