Харден на крстопат: Дали да остане во Филаделфија или да се врати во Хјустон?

156

Ѕвездата на НБА лигата, Џејмс Харден се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата и размислува дали да остане во Филаделфија  или да се врати во Хјустон Рокетс, за кој настапуваше од 2012 до 2021 година. Авторитетниот инсајдер Адријан Војнаровски вели дека Харден е пред одлука.

„Навистина тој е растргнат меѓу опциите да остане во Филаделфија или сепак да се врати во Хјустон каде се чувствува како дома. Таму се неговите корени и, се разбира, неговото семејство“, рече Војнаровски.

Раководството на Филаделфија на 33-годишниот кошаркар може да му понуди најмногу 210,1 милиони долари за четири години, понуда што засега кошаркарот официјално не ја прифатил.

ПретходноКалин преку Колсон до второто коло во Скопје
СледноШкендија и Мевљан Мурати се разделија