Струга Трим Лум, шампионот на Македонија од денеска е во “погон“. Стратегот Шпетим Дуро означи старт на подготовките и тоа попладнево во клупската база. По кусиот состанок, фудбалерите под водство на стручниот штаб на чело со Шпетим Дуро го одработија и првиот тренинг.
Треба да се каже дека недостигаа неколкумина играчи кои беа оправдано отсутни, секако дека тука не ги сметаме Пере и Пенгу кои веќе не се дел од шампионскиот тим.
Што се однесува до планот на подготивките, стружани во пресрет на историскиот настап во квалификациите во Лигата на Шампионите ќе се подготвува на свој терен, во Струга. Ќе се одиграат и неколку пријателски средби.
Што се однесува до преодниот рок, шампионот има намера да се засили најмалку 3-4 квалитетни имиња, се со цел да биде што подобар во фудбалска Европа, како и во одбраната на тронот во наредната сезона во ПМФЛ.