Предмалку ФК Шкендија објави дека по цели девет години Мевљан Мурати го напушта „црвено – црниот“ табор.
Дефанзивецот заминува од неговиот матичен клуб, и наесен ќе го гледаме во нова средина. Клубот му се заблагодарува на некогашниот македонски младински репрезентативец и учесникот на ЕП во Полска до 21 година за постигнатото во Шкендија и дека секогаш е добредојден таму.