Ѓорческа го заврши настапот на Макарска Опен!

49

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на Челиџер турнирот Макарска Опен што се игра за награден фонд од 125.000 долари. Таа во мечот од првото коло загуби од Французинката Леолиа Жанжан со 2-0 во сетови (64 и 64).

Инаку, Ѓорческа на главниот турнир успеа да се пласира откако вчера во квалификациите ја победи Деа Херџелас од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (63 и 62).

Таа за настапот во првото коло откако ги мина квалификациите ќе освои шест поени.

ПретходноДвајца македонски репрезентативци на „радарот“ на Работнички!
СледноСтруга ТЛ се раздели со Пере и Пенгу!