Љубомир Врањеш и Ним се разделија после само една година!

124

Љубомир Врањеш наместо четири години како беше договорено, тој после една сезона го напушта Ним. Оваа информација ја пренесоа француските медиуми, засега нема детали за раната разделба на Ним со 48-годишниот шведски стручњак.

Францускиот тим сезоната ја заврши на петото место и се избори за квалификации за Европската лига, првото место му припадна на ПСЖ предводен од Раул Гонзалес.

За Врањеш ова првенство беше прво во неговата кариера. Тој го водеше Флензбург, со кој ја освои Лигата на шампионите во 2014 година. Кратко се задржа и на клупата на српската репрезентација. Беше тренер на Веспрем, Кристијанштад и Рајн Некар Ловен. Ја предводеше и унгарската и словенечката селекција и се пласира во полуфинале на Европско првенство со Словенците на шампионатот во 2019 година.

ПретходноКога сонот ќе стане јаве: На седмо небо сум, освоив титула со тимот за кого навивам цел живот!
СледноДвајца македонски репрезентативци на „радарот“ на Работнички!