Во сезоната која претстои после потпишувањето на нов договор со столбот на одбраната Ангелески раководството на Прилеп го продолжува договорот и со еден од најдобрите поединци и стрелци оваа сезона, Христи Бикоски.
За Бикоски сезоната која претстои ќе биде петта по ред во жолто-црниот дрес и со тоа тој е еден од најискусните ракометари кои ќе го носат дресот на Прилеп.
Покрај овие двајца ракометари претходно раководството на клубот го договри и Томче Трајчевски.