Марко Милосављевиќ, левиот бек на српската репрезентација и ракометар на Адемар Леон веројатно ќе биде нов член на нашиот шампион, Е. Пелистер. Битолчани, како што известува „Балкан – хандбал“ имале и тоа како намера да го ангажираат во пресрет на натпреварите во Лигата на Шампионите, а и самиот ракометар сакал да игра во елитното натпреварување.
Останува само да се види отштетата која треба битолчани да му ја исплатат на сегашниот клуб на Милосављевиќ.