Македонија У15 со победа над Албанија во Охрид

2926

Репрезентацијата на Македонија до 15. години на чело со селекторот Драган Начевски попладнево во Охрид успеа да слави над соодветната селекција на Албанија со конечни 3:2.

Иако на полувреме нашите млади фудбалери губеа со 0:1, во продолжението направија комплетен пресврт.

Па така, најпрво Ѓангаровски погоди на два пати за израмнување, а потоа Мамути успеа да реализира и да ни донесе победа.

Реванш пријателскиот дуел се игра в петок во Елбасан.

 

ПретходноГоран Кузманоски е нов тренер на РК Бутел!
СледноПознато е кој ќе му биде тренер на Меси во Интер Мајами!