Македонската репрезентација до 18 години на чело со селекторот Тони Јакимоски на 16 односно 18 јуни ќе гостуваат во Букурешт, каде што со домашната селекција на Романија ќе одиграа два котролни натпревари.
За овој термин селекторот се одлучи за грото домашни играчи и неколку интернационалнци. Тоа се Абиола Бамијоко од фински ХИФК, Андрија Димески од Вождовац, Даниел Марковски од Хелсинборг, и Лорик Мухтари од Либек, Германија.
Останатите играчи се од домашниот шампионат.