Марјан Ристовски пред промоција во Шкендија!

2203

Марјан Ристовски (26), крилниот напаѓач на Силекс, кој може да игра и како лев бек, е пред промоција во Шкендија. Ристовски, кој важи за еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ, упешно ги завршил преговорите со тетовските „црвено – црни“ па така се очекува набргу да биде промовиран како нов фудбалер на Шкендија.

Секако дека со неговото заминува Силекс ќе биде ослабен, но затоа Шкендија ќе добие квалитетен фудбалер кој може да игра на неколку позиции во тимот на новиот стратег Ардијан Нухиу.

Инаку Ристовски или Швајнц, како што е познат во нашите фудбалски кругови, досега во својата кариера има играно за екипите на Кожув, Тиквеш, Борец, Работнички а во Силекс беше од минатиот јули.

Претходно30 години без неповторливиот – кошаркарскиот Моцарт Дражен Петровиќ
СледноЛекарите се воздржуваат од прогнози: Состојбата на Рико е тешка и непроменета