Миленкоски и следната сезона на клупата на ПАОК

109

Селекторот на нашата одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски и следната сезона ќе остане на клупата на грчки ПАОК. Денеска во Солун, нашиот стратег потпиша нов едногодишен договор со грчкиот освојувач на Купот.

“Имав неколку понуди, размислив и одлучив да продолжам со ПАОК. Навивачите одлично ме прифатија, имам одлична соработка со сите во клубот, блиску сум до дома, а тоа се фактори коишто беа доволни за да го продолжам ангажманот во Грција”, вели предводникот на македонската репрезентација.

ПретходноБикоски останува верен на Прилеп!
СледноМеси донел одлука – последниот збор го имала неговата сопруга!