Откако вчера и официјално ја заврши соработката со Брегалница (Ш), нашиот искусен дефанзивец Даниел Мојсов по се изгледа се враќа во Кавадарци. Во изјава за СПОРТМЕДИА, тој потврди дека е во преговори со екипата на Тиквеш.
„Да најверојатно се враќам во Кавадарци и следната сезона ќе настапувам за Тиквеш. Имав понуда да останам во Штип, а имам и некакви опции повторно да заминам во странство, но сепак мислам дека сум најблиску до останување дома. Ќе се вратам онаму каде што за мене започна се. Она што во Тиквеш во моментов се случува ми одговара и мене и мислам дека тоа ќе биде правилен потег“, вели Мојсов.
35-годишниот централен бек ќе биде одлично засилување за дефанзивната линија на кавадарчани, во чии редови Мојсов настапуваше од младинските денови до 2006 година, кога направи трансфер во Македонија ЃП.