Карим Бензема вечерва е во Џеда, во С. Арабија каде утре и официјално ќе биде претставен пред 65.000 фанови како нов член на Ал Итихад на стадионот „Кралот Абдула“. Некогашниот “крал“ и член на Реал Мадрид, вечерва на аеродромот во Џеда беше топло пречекан а фановите на овој клуб сеуште не веруваат дека таква мега – звезда потпиша за Ал Итихад.
Да потсетиме дека Бензема во наредните три сезони ќе земе 600 милиони евра.
🇸🇦🛬 Karim Benzema arrives in Saudi Arabia for the first time since signing for Al Ittihad! Tomorrow he will be greeted by 60,000 supporters in the stadium. pic.twitter.com/WGjBTZV1rw
— EuroFoot (@eurofootcom) June 7, 2023