Осум македонски тенисери денеска ќе играат на ИТФ фјучрсот во Скопје

207

Осум македонски тенисери во сингл конкуренција и еден дубл ќе се појават денеска на терените на ТК Југ во рамките на програмата мечеви од првото коло на ИТФ фјучрсот во Скопје. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој е носител четврти носител ќе игра против Тибо Колсон од Белгија. Обрад Марковски, кој веќе оствари победа во двојки, за ривал го има квалификантот Лазар Војновиќ од Србија (24,1635). Берк Бугариќ истотака ќе игра против квалификант, Нини Габриел Дица од Романија, кој во финалето од квалификациите го совлада нашиот Стефан Мицов.

Својот прв настап ќе го имаат и нашите млад тенисери Амар Хусеиновиќ и Марко Стоилковски. Хусеиновиќ (16) ќе игра против Тимур Биелдиугин од Украина, а Стоилковски (18) за ривал го има квалификантот Лука Петровиќ од Велика Британија.

Бесир Дургути во првото коло ќе игра со Русинот Давуд Амиров, кој преку квалификациите стигна до главниот турнир. Секако посебен меч на теренот број 8 ќе биде дуелот на македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак.

Во конкуренција на двојки Стефан Мицов и Шендрит Деари ќе играат против носителите број 4, Мирза Башиќ и Миљан Зекиќ.

Програмата на натпревари стартува по 9.30 часот.

ПретходноГасперини и следната сезона ќе ја води Аталанта
СледноДарко Тасевски и официјално ја заврши кариерата, пригодни подароци пред последниот меч