Екипата на Пелистер за во наредната сезона 2023/24 нема да ги продолжи договорите со четворица фудбалери. Станува збор за Бурхан Мустафов, Христијан Драгарски, Томе Китановски и Љавдрим Фазлију.
Во наредните денови некои играчи ќе бидат отстапени во други клубови. Од Пелистер им се заблагодарија на сите и најавија дека во следниот период ќе биде промовиран новиот тренер и новите засилувања.
Според најавите на клупата на битолчани треба да седне Влатко Костов.