Христина Џамбазовска Анастасов е нов генерален директор во Триглав Осигурување Живот АД Скопје. Џамбазовска Анастасов која е поранешна македонска кошаркарска репрезентативка, доаѓа од редовите на компанијата и поседува долгогодишно менаџерско искуство во осигурувањето.
Под нејзино водство се спроведени стратешки проекти во реструктуирање на Триглав, има искуство со управување со осигурителни процеси и кадровите потенцијали, кои ќе дадат значителен придонес во идниот раст и развој на Триглав Осигурување Живот.
Христина Џамбазовска Анастасов на чело на Триглав Осигурување Живот доаѓа на местото на Вилма Учета Дузлевска.