Миклован Пере и Арби Пенгу не се веќе дел од редовите на шампионот. И на двајцата интернационалци од Албанија им истече договорот па раководството на стружани одлучи да не ја продолжи соработката.
Секако дека Струга ТЛ им се заблагодарува и на Пере и на Пенгу што беа дел од минатата, историска сезона за клубот во која беше освоена и шампионската титула.
Инаку попладне од 18 часот шампионот ќе ги стартува погодотовките за новата сезона, пред се настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите.