„Чистка“ на „Олд Трафорд“: Кој се најде на „црниот список“ на Тен Хаг?

4104

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е подготвен да се откаже од услугите на шест играчи во летниот преоден рок. Тој наводно веќе им го предложил својот план и на директорите на клубот, со кои е разговарано и за евентуалните нови засилувања.

Голманот Дин Хендерсон (Нотингем Форест), дефанзивците Хари Мегваер, Ерик Бејли, Алекс Телес, како и играчот од средниот ред Дони ван ден Бек и напаѓачот Вегхорст се наоѓаат на „црниот список“ на Холанѓанецот и за нив нема да има место во составот, дури и да не бидат продадени

Минатата сезона, Хендерсон ја помина на позајмица во Нотингем Форест, Бејли беше изнајмен во Олимпик Марсеј, Телес во Севиља. Мегваер и Ван де Бек играа за Манчестер Јунајтед, но се далеку од квалитетот кој му треба да Јунајтед. Вегхорст беше доведен на позајмица и Тен Хаг нема намера да го откупи неговиот договор од Барнли.

ПретходноЛекарите се воздржуваат од прогнози: Состојбата на Рико е тешка и непроменета
СледноИнтер го распродаде „Џузепе Меаца“ за финалето од Лигата на шампионите