Шампионот денеска ги стартуваше подготовките! (ФОТО)

339

Струга Трим Лум, шампионот на Македонија од денеска е во “погон“. Стратегот Шпетим Дуро означи старт на подготовките и тоа попладнево во клупската база. По кусиот состанок, фудбалерите под водство на стручниот штаб на чело со Шпетим Дуро го одработија и првиот тренинг.

Треба да се каже дека недостигаа неколкумина играчи кои беа оправдано отсутни, секако дека тука не ги сметаме Пере и Пенгу кои веќе не се дел од шампионскиот тим.

Што се однесува до планот на подготивките, стружани во пресрет на историскиот настап во квалификациите во Лигата на Шампионите ќе се подготвува на свој терен, во Струга. Ќе се одиграат и неколку пријателски средби.

Што се однесува до преодниот рок, шампионот има намера да се засили најмалку 3-4 квалитетни имиња, се со цел да биде што подобар во фудбалска Европа, како и во одбраната на тронот во наредната сезона во ПМФЛ.May be an image of 2 people and people playing football

May be an image of 2 people, beard, people playing football and people playing American football

May be an image of 2 people, people playing football and people playing American football

 

May be an image of 2 people, people playing American football and people playing football

May be an image of 4 people, people playing football, people playing American football and text

May be an image of 3 people, people playing American football, people playing football and text

May be an image of 1 person

May be an image of 4 people, people playing football and people playing American football

ПретходноПознато е кој ќе му биде тренер на Меси во Интер Мајами!
СледноБилд: Тухел го направи потребниот „рез“ во соблекувалната