Се чини дека веќе нема дилеми. Лео Меси нема да игра за ПСЖ следната сезона, уште помалку во Барселона и не во С. Арабија, туку во САД, во Интер Мајами. Ќе потпише двогодишен договор со клубот на Дејвид Бекам за 50 милиони евра нето по сезона што е десет пати помалку од она што му го нудеа Арапите.
Но на оваа сума треба да се додадат разни бонуси пред се од Адидас и Епл како и тоа дека тој ќе биде главен промотор на СП 2026 година каде се чини дека ќе ја заврши својата кариера веднаш по тој Мундијал.
Инаку пред извесно време Меси потроши 7,5 милиони долари за апартман во ексклузивниот дел на Мајами, кој е со големина од 5.000 м2. Изгледа фантастично, а можете и виде да видите само дел од апартманот кој се наоаѓа на 9 спрат од една висококатница во Мајами.