Херојот на Вест Хем Џеред Боуен: По натпреварот ми дојде да плачам

200

Екипаѕа на Вест Хем е освојувач на конференциската лига сезонава откако синоќа во финалето ја совлада Фиорентина до 2:1. Вест Хем поведе од пенал откако Бираги играше со рака во 62.минута, а Бенрама успеа да погоди од пенал. Неколку минути подоцна Бонавентура постигна прекрасен гол за 1:1, тоа се случи во 67.минута, пред Џеред Боувен да се најде во зицер ситуација во последната минута од регуларниот дел, истата да ја реализира и да му донесе пехар на легендарниот англиски тим.

“Тешко ми е да го опишам со зборови. Знаевме дека имаме добра шанса, но да го направиме тоа е сосема друга работа. Тоа е најголемиот момент за сите. Бев многу емотивен по голот, сакав да заплачам. Знаев дека таму имаше пет минути до крајот и моравме да го одбраниме водството. Кога дојде последниот свиреж ми дојде да плачам. Сега целта е да продолжам да играме. Следната година ќе бидеме во Лига Европа. Лани се пласиравме во полуфинале Оваа година стигнавме до финалето. Следната година сакам само да играм“, рече Боуен.

ПретходноМојс: Во кариерата на еден тренер има малку вакви моменти
СледноИталијано: Загубивме две финалиња во кои игравме добро