Барселона со став за Лионел Меси и неговата одлука!

1778

Лионел Меси заврши во Интер Мајами, иако се зборуваше дека има големи шанси големиот Аргентинец да се врати во Барселона, клуб чиј дрес го носеше до 2021 година.

По повод одлуката на Меси се огласија и челниците на каталонскиот гигант.

„Во понеделник на 5 јуни, Хорхе Меси, таткото и агентот на Лионел, го извести претседателот Жоан Лапорта дека Меси одлучил да ја прифати понудата од Интер Мајами, иако му била претставена понуда од Барселона, со наша голема желба тој да повторно да го облече дресот на нашиот тим“, се вели во првиот дел од објавата.

Актуелниот шампион на Шпанија изјави дека ја разбираат одлуката на Меси.

„Ги почитуваме и ги разбираме причините на Лео. Сакаше да игра во лига со помалку барања, помал притисок и далеку од големата сцена. Се договоривме Меси секогаш да биде дел од нашето семејство“.

Меси ќе му се приклучи на Интер на 5 јули.

ПретходноЛиверпул го официјализираше првото засилување!
СледноАнчелоти: Стадионот стана непријателско место!