Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи најверојатно ќе ја продолжи својата кариера во тимот на Тирана од Албанија. Како што велат информациите од таму, Тирана и дефанзивецот веќе се договорени и тој ќе биде еден од неколкуте играчи, таканаречени супер засилувања летово кои на клубот ќе му помогнат да влезе во групните фази од европските натпреварувања.
Бејтулаи досега беше дел од тимот на Шкендија, одамна е со статус на репрезентатиец, пред се младински, а потоа и сениорски.
Имаше веќе еден интернационалец обид во Шведска, во тимот на Хелсинборг кој заврши неславно и траеше многу кратко.