Голден Арт ја продолжи соработката со четворица ракометари!

104

Голден Арт денеска и официјално ја продолжи соработката со четворица ракометари кои минатата сезона беа важен дел од тимот предводен од Владимир Глигоров.

Десното крило Мице Шилегов, левото крило Есад Дрпљанин и двајцата ракометари на бековските позиции, лев и среден бек, Христијан Милошески и Марио Миланов, најмалку уште една сезона ќе го носат дресот на Голден Арт.

„Шилегов минатата година дојде од Охрид и беше еден од најдобрите стрелци во клубот, Милошески одигра солидно во два правци, презентирајќи се во високо потентен лев бек шутер, Есад Дрпњанин и покрај сериозната повреда на рамото, како млад ракометар покажа дека може да биде одлично решение во иднина и Марио Миланов, после промената на главниот тренер на клубот заблешка и се промовираше себеси во лидер на тимот во нападот.

Според планот и политиката на клубот, во следните денови ќе излезе со информација за евентуални засилувања на клубот и обновување договори со останатите ракометари кои во изминатите година две беа важна алка од подемот на клубот“, велат од Голден Арт на својата официјална страница. 

ПретходноНБА звезда нападната од порноглумица…. мисли му ја ако сум трудна
СледноЛиверпул го официјализираше првото засилување!