Така тоа го прават големите светски спортски ѕвезди. Имено во пресрет на утрешното големо полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз на Ролам Гарос, синоќа Србинот го однел младиот Шпанец на вечера во еден елитен ресторан во Париз.
Новак прв дошол и веднаш бил во епицентарот на вниманието, додека Карлито нешто подоцна му се придружил. Не се знае кој ја платил сметката, веројатно Новак зошто негова била идејата, но поважно е утре кој ќе ја “плати сметката“ во полуфиналето на овој гренслем турнир.
Инаку мечот кој со нетрпение се очекува во светот на тенисот се игра утре со почеток од 14:45 часот.