Денвер направи брејк во Мајами (ВИДЕО)

1060

Во меч во кој Никола Јокиќ односно неговиот соиграч Мареј стигнаа до трипл дабл учинок, тимот на Денвер поведе во големото НБА финале со 2:1, против тимот на Мајами Хит.

Тоа го стори на гостински терен со конечни 94:109, а клучен период беше третата делница која Нагетски ја добија со девет разлика.

Маеј овојпат го надмина својот соиграч во учинокот постигнувајќи два поени повеќе 34, на што додаде и по десет поени односно асистенции. Од друга страна пак, Јокиќ повторно незадржлив со 32 поени и фантасични 21 скок, плус десет додавања.

Кај домашните пак Батлер со 28 поени и Адебајо со 22 најдобри на теренот.

Следниот меч од финалната серија се игра исто така во Мајами на 10 јуни.

ПретходноРолан Гарос: Руд го победи Руне и си закажа полуфинале со Зверев!
СледноМојс: Во кариерата на еден тренер има малку вакви моменти