„Ефектот Меси“: Цените на билетите за мечевите на Интер Мајами скокнаа до небо, “сезонските“ се распродадени!

280

Каков позитивен шок за сите во МЛС, но пред се за Интер Мајами беше вчерашната објава на Лео Меси дека својата кариера ќе ја продолжи во САД, поточно на Флорида.

И веднаш откако и клубот потврди, фудбалските фанови на Флорида беа во транс, а каков е „ефектот Меси“ говори податокот дека сезонски билети за мечевите на Интер Мајами нема, тие се распродадени и сега се продаваат за следната година, за таа 2024.

Инаку цените на билетите, кои не се во склоп на сезонските,скокнаа до небо. Па така ако до вчера еден обичен или најефтин билет, за меч на Интер Мајами, чинеше 29 долари, сега истите се продаваат за 300.

Со објавата на веста дека Меси доаѓа во Интер Мајами побарувачката за билети скокнала за неверојатни 1000%. Во просек, ако цените на билетите досега чинеле по 152 долари, сега чинат дури 935 долари.

Неверојатно…

ПретходноЦрногорецот Милјан Радовиќ на клупата на Воска Спорт!
СледноПандев пред финалето во ЛШ: Убеден сум дека Интер може да го победи Сити!