Италијано: Загубивме две финалиња во кои игравме добро

212

Кога ќе загубиш едно големо финале како она во Конференциската лига секако дека ти паѓа тешко. Тоа во моментов е случајот со тимот ан Фиорентина, екипа која синоќа во дуелот со Вест Хем загуби со 2:1, и тоа со гол примен во последните секунди од мечот.

Тагата кај италијаните не можеше да се скрие, а прв пред камерите застана тренерот Винченцо Италијано.

„Загубивме две финалиња каде игравме многу добро и тоа е штета. Навистина не мислев дека ќе заврши вака. Игравме, создадовме шанси, брзо израмнивме по пеналот кој можеше да не уништи. Наместо тоа, реагиравме и Можевме дури и да направиме пресврт преку Мандрагора. Потоа дојде тој рикошет на средината на теренот. Требаше да си дадеме повеќе простор. Тоа ќе ни овозможеше да одиме во продолженија каде што мислам дека ќе имавме предност. Тажен сум затоа што да загубите две финалиња е доста болно за момците“, рече Италијано.

„Играв со тим кој ни дава најдобри шанси и можеше да се види дека не му дадовме многу шанси на Вест Хем. Одигравме како што треба да се игра во финале, не преземавме непотребни ризици и ја контролиравме играта. Загубивме поради лесен пенал и гол, кој можевме да го спречиме. Мислам дека игравме тимски. Во текот на целиот натпревар можевме добро да ги прочитаме овие ситуации и не очекував дека ќе загубиме вака. Беше ситуација кога точно знаеме што треба да направиме, но не го направивме тоа. Можеше и да направи прекршок во клучниот момент, но всушност Игор едноставно мораше да се врати побрзо“, додаде тренерот на Фиорентина.

ПретходноХеројот на Вест Хем Џеред Боуен: По натпреварот ми дојде да плачам
СледноЕмерсон е првиот играч што освоил се што е можно од натпреварувањата на УЕФА