Како што велат последните информации од Париз, од тамошните медиуми, раководството на ПСЖ просто го молело Зинедин Зидан да седне на клупата на овој пребогат клуб. Му доставиле неверојатна понуда, да биде најплатен тренер во светот на фудбалот, разни бонуси и слично, но сепак Зизу одлучно по којзнае кој пат ја одбил таа понуда.
Познато е дека ПСЖ преговара и со Јулиен Нагелсман, но разговорите не одат во посакувана насока ако се знае дека сега Баерн Минхен бара за својот некогашен стратег дурти 10 милиони евра отштета.
Се споменува и Луис Енрике, но прв пик е Зидан, а тој упорно не сака да го преземе тимот од Париз.